12.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЃорѓиевски со порака до скопјани: Време е за работа, ред и заедништво...

Ѓорѓиевски со порака до скопјани: Време е за работа, ред и заедништво во главниот град

- Advertisement -spot_img

Во завршницата на изборната кампања, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, одржа емотивно обраќање до скопјани со силна порака за обединување, надеж и работа. Ѓорѓиевски нагласи дека оваа кампања не била политичка трка, туку искрен дијалог со граѓаните, разговор во секое маало, секој дом и со секој човек кој се надева на подобро Скопје.

„Ви благодарам за секоја подадена рака, за секој совет, за секоја критика и, најмногу, за надежта во вашите очи дека Скопје конечно може и мора да биде подобро“, порача Ѓорѓиевски.

Тој потенцира дека зад него стои тим составен од експерти, архитекти, професори, уметници и обични граѓани од сите етнички заедници и политички убедувања, обединети во љубовта кон градот.

„Мојата визија е јасна — Скопје мора да биде град на сите! Град без поделби, град каде секој ќе се чувствува почитуван и вреднуван. По изборите, политиката мора да престане — време е за работа,“ истакна тој.

Во своето обраќање, Ѓорѓиевски најави дека неговиот план за Скопје се темели на конкретни решенија и капитални проекти: завршување на клучните булевари и клучки, подземната сообраќајница под Лимак, нови катни гаражи, целосна реформа на јавниот превоз и воведување на градски воз.

Посебен акцент стави на враќањето на зеленилото и чистиот воздух преку изградба на четири мега паркови – Вардариште, Расадник, Лепенец и кај булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, како и 50 нови маалски паркови.

„Ова не е само борба за поубави улици или почисти паркови. Ова е борба за иднината, за град што ќе им понуди надеж и перспектива на младите,“ додаде Ѓорѓиевски.

Тој повика граѓаните во недела масовно да излезат на гласање и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, „чист мандат, силна поддршка и почеток на работа веднаш“.

„Тоа не е глас само за мене, тоа е глас за работа, ред, визија и одговорност. Од срце ви ветувам, ќе бидам градоначалник на сите скопјани – човек кој работи, слуша и обединува,“ порача Орце Ѓорѓиевски.

„Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје!“ — заврши со силна порака кандидатот, испраќајќи оптимистичен повик за заедништво и нов почеток.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img