Жичницата на Водно денеска нема да продолжи да работи поради силен ветер, информираат од ЈСП Скопје.
Како што соопштуваат од претпријатието, јачината на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за објектот да функционира непречено и безбедно.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а штом се создадат услови за безбедно работење, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.
Од ЈСП Скопје апелираат до граѓаните за разбирање.








