домаМакедонијаЗапочнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

- Advertisement -spot_img

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека е во тек поднесувањето на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година.

Барањата се поднесуваат за мерките за основна и дополнителна поддршка на доходот на земјоделските стопанства (директни плаќања по површина и грло добиток), мерките за директни плаќања по единица производ, мерките за поддршка на влезните елементи во производството и мерките за мали земјоделски стопанства.

Поддршката по површина и грло добиток е условена со произведен и продаден производ на регистриран откупувач.

За успешно извршување на контролите на самото место за мерките по површина, Агенцијата обезбеди податоци од сателитски снимки од период на вегетација на земјоделските култури.

Поднесувањето на барањата се врши по електронски пат преку веб-порталот на Агенцијата, при што и оваа година е обезбедена помош од подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За полесно користење на електронскиот систем, на веб-страницата на Агенцијата е објавено Упатство за корисници, кое содржи информации за мерките, условите за користење на финансиската поддршка и начинот на поднесување на барањата.

Агенцијата ги повикува сите земјоделски стопанства пред поднесувањето на барањето внимателно да се запознаат со условите за користење на средствата и со Упатството за корисници и навреме да ги ажурираат податоците во соодветните регистри.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 30 септември 2026 година, согласно Уредбата за директните плаќања

Започнува поднесувањето на барања за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img