Сојузот на синдикати на Македонија започна со рпотестот со кој се бара големување на минималната плата на 600 евра.
Протестот започна пред зградата на ССМ, а прва дестинација беше Собранието од каде што претседателот на синдикалната организација Слободан Трендафилов им се обрати на учесниците.
Предвидено е запирање и пред Стопанската комора и пред Владата на Македонија каде ССМ и работниците ќе ги испратат главните пораки.Трендафилов уште еднаш порача дека платите не ги следат реалните трошоци на животот и на социјалните мрежи денес повика на масовна излезност.








