Од Друштвото за производство, трговија и услуги „Green Life“ ДООЕЛ, сместено во валандовското село Јосифово, е одземен тон марихуана.
Според официјалните информации, основната дејност на „Green Life“ е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија кои се користат во фармацијата.
Оваа компанија е една од шесте кои ги изгубија своите лиценци за одгледување марихуана наменета за медицински цели.








