Силна експлозија се случила во термоцентрала во Букурешт, предизвикувајќи пожар и густ облак од чад, јавија романските медиуми.
Според извештаите на медиумите, дури три трансформатори на локацијата се запалиле по експлозијата.
Службите за итни случаи веднаш биле испратени на терен, кои подоцна успеале да го изгаснат пожарот.
Засега нема официјални информации за можни жртви или обемот на материјалната штета.
Властите сè уште не ја објавиле причината за инцидентот, а се очекува да биде покрената истрага.








