HomeМакедонијаФилипче: Отворање на поглавјата со ЕУ носи пари од толку посакуваните и...

Филипче: Отворање на поглавјата со ЕУ носи пари од толку посакуваните и потребни фондови

- Advertisement -spot_img

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Сител Телевизија порача дека отворањето на поглавјата со Европската Унија суштински важно за иднината на Македонија, затоа што носи пристап до европските фондови што се од директна корист за граѓаните.

„Ајде да ги расчистиме овие работи. Што е целиот тој пакет којшто нас ќе ни овозможи да ги отвораме поглавјата и да ги добиеме толку посакуваните и очекуваните и потребни европски фондови, од кои вистински бенефит ќе имаат граѓаните? Содржи, да се стават Бугарите, Хрватите и другите малцинства во Уставот, да се отворат поглавјата, да добиеме пристап кон структурните фондови во Европа, коишто значат од 50 до 80 проценти грантови, неповратни средства, тука да се градат училишта, болници, патишта, пруги. Сето тоа за коешто оваа влада сега зема ултраскапи кредити“, рече Филипче.

Тој нагласи дека отворањето на преговорите ја зајакнува и државната позиција, затоа што тогаш на маса седи и Европската Унија, а пристапот до фондовите значи јакнење на институциите и системот.

„Поради две работи. Прво, поради тоа што имаме потпишан договор со Европската Унија на македонски јазик, со сите земји членки а тоа е договорот Фронтекс. И втората работа многу сме посилни кога ќе ги отвориме преговорите и на маса ќе седи и Европа. И на крајот на краиштата ако до тој момент ништо не е загрозено зошто да не го направиме тоа затоа што пристапот до структурните фондови ќе значи зајакнување на нашиот систем на нашата држава“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервјуто за Сител Телевизија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img