домаМакедонијаЗападниот дел од Македонија утре ќе биде погоден од нов бран на...

Западниот дел од Македонија утре ќе биде погоден од нов бран на врнежи од дожд

- Advertisement -spot_img

Влијанието на циклонските активности со центар над Џеновскиот залив продолжува во Македонија па така ќе продолжи и многу променливата временска состојба. На ден 6 февруари 2026 петок во западните предели од Македонија ќе имаме нови пообилни врнежи од дожд каде се очекува да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. На планините пак над 1500/1600 метри надморска височина ќе има врнежи од снег.

Во останатите предели од Македонија времето ќе биде промнеливо облачно со повремен локален дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Услови за повремен локален дожд ќе има и во Скопје и околината.

Што се однесува до температурите тие ќе бидат релативно високи и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу 10 степени а локално тие ќе надминат и 10 степени, соопшти Славчо Попоски

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img