6.8 C
Skopje
15 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаЗаменичката амбасадорка на Австралија оствари официјална посета на Битола

Заменичката амбасадорка на Австралија оствари официјална посета на Битола

- Advertisement -spot_img

Заменичката амбасадорка на Австралија и прва секретарка и конзулка во амбасадата во Белград, Териз О’ Мили, во придружба на почесниот конзул во Македонија, Зоран Костовски, престојуваше во работна посета на општина Битола.

На средбата со градоначалникот Тони Коњановски се разговараше за продлабочување на соработката меѓу Австралија и Битола, со акцент на локалниот економски развој, културната размена и поддршка на образованието. Темите опфатија и тековните и идните проекти на општината, како и големото присуство на Македонците во Австралија и нивното учество во политичкиот и општествениот живот на земјата.

Коњановски ја информираше О’Мили за стратешките приоритети на Битола, меѓу кои се одржливиот урбан развој, заштитата на животната средина и создавањето услови за нови инвестиции и отворање работни места.

Г-ѓа О’Мили изрази задоволство од можноста да се запознае со потенцијалот на градот и истакна дека Австралија, како мултикултурна земја, дава поддршка на македонското население таму. Таа нагласи дека Австралија е подготвена да продолжи со поддршка на локалните иницијативи кои придонесуваат за економски раст, иновации и унапредување на заедницата.

Австралија нема своја амбасада во Македонија, а надлежна е амбасадата во Белград.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img