Денешниот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига кој треба да се одигра во Струга меѓу домаќинот Струга Трим Лум и екипата на Шкендија Арачиново нема да започне во планираниот термин од 17 часот.
Според информациите средбата ќе биде пролонгирана за најмалку половина час (17:30) поради продукцијата која треба да го реализира овој натпревар. Останува да сочекаме дали ќе има и друго дополнително одложување на мечот или ќе започне во новиот термин.






