домаТехнологијаWindows 11 ќе добие забрзан и поприлагодлив File Explorer

Windows 11 ќе добие забрзан и поприлагодлив File Explorer

- Advertisement -spot_img

Microsoft во рамки на надградбите за Windows 11 темелно ќе го освежи File Explorer, кој ќе биде побрз и постабилен. Пристигнува и редизајнирано контекстно мени при десен клик, со поголема контрола за корисниците.
File Explorer е едно од најчесто користените кориснички опкружувања во Windows, бидејќи е наменет за организирање датотеки, како на компјутерот така и во облакот. Сепак, во последните години беше донекаде занемарен, со само неколку функционални подобрувања, додека во него се натрупуваа опциите, а работата забележливо се забавуваше.

Општо забрзување на работата

Microsoft неодамна, во рамки на развојот на Windows 11, започна опсежно освежување со акцент на основните перформанси и сигурноста на апликациите, што ќе го опфати и File Explorer. Целта на промените, како што наведуваат на блогот, е да се намалат забавувањата при работа, да се забрза одзивот и да се отстранат проблемите што корисниците ги пријавувале при секојдневната работа. Сега за првпат на јавноста ѝ е претставено темелно редизајнирано мени кое се отвора со десен клик, а најпрво ќе биде достапно за корисниците во програмата Windows Insider.

Развојниот тим се фокусирал на решавање на најчестите причини за замрзнување и „закочување“ при работа со датотеки. Стартувањето на File Explorer отсега ќе биде побрзо, а прегледувањето, преименувањето и означувањето на повеќе датотеки ќе се извршува со значително помалку застои. Отстранети се техничките причини за повременото „трепкање“ и повторното вчитување на почетната страница, со што е постигната порамномерна и попредвидлива работа на апликацијата.

Побрза секојдневна навигација

Подобрувањата опфаќаат и некои специфични секојдневни задачи. Преименувањето датотеки повеќе нема да биде прекинувано поради синхронизација на документи во заднина, додека промените само на големите и малите букви во името ќе се прикажуваат веднаш. Дополнително, отворањето папки во нова картичка со клик на средното копче на глувчето е проширено, па ќе функционира каде и да кликнете на папка на овој начин.

Почетната страница сега запомнува дали секциите сте ги оставиле собрани или проширени, додека големината на датотеките се прикажува во мерни единици како KB, MB и GB, за полесно читање. Секцијата со детали е реорганизирана со цел својствата на датотеките да бидат попрегледни, најавуваат од Microsoft, на задоволство на корисниците.

Контрола над контекстното мени

Новото контекстно мени носи побрзо отворање и поедноставен изглед. Главната причина за претходното забавување било оптоварувањето што го создавале апликациите од трети страни при секое отворање. Новиот дизајн ќе го намали „метежот“ во горниот дел од приказот, додека до поставките ќе се пристапува преку новата опција „Customize menu“, сместена на самото дно од менито.

Преку овие поставки корисниците самостојно ќе можат да изберат кои команди ќе им се прикажуваат во скокачкото мени. Можно е да се вклучат или исклучат вградените опции како „Send to“ или „Create shortcut“, како и командата „Print“, која претходно не била достапна. Поставките овозможуваат и управување со екстензиите на апликациите од трети страни, нивно сокривање во подменија или целосно отстранување од менито.

За корисниците кои го претпочитаат распоредот од Windows 10, овозможено е прикажување на главните команди (Cut, Copy, Paste, Rename, Delete и Share) во текстуална форма наместо како икони. Опцијата „Properties“ исто така ќе може да се премести на самото дно од менито, за оние кои се навикнати на таквиот распоред.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img