На граничниот премин Табановце, полициски службеници на 23 октомври го лишиле од слобода М.П.(39) од Србија. При проверка на неговото патничко возило „баик“ со српски национални ознаки, констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од КЗ – „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
„Имено, на 15.07.2026 на автопатот Гевгелија – Демир Капија, М.П. го управувал возилото со брзина од 166 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“, се вели во соопштението на МВР.






