домаМакедонијаВработените во здравството ќе се регистрираат со отпечаток од прст

Вработените во здравството ќе се регистрираат со отпечаток од прст

- Advertisement -spot_img

Иако се малку, и натаму има вработени кои земале пари, а не доаѓале на работа во Институтот за јавно здравје. Не им можат ништо зашто нивните картички биле отчукувани. Спас ќе се бара во поставувањето апарати за отпечаток од прст во сите клиники и здравствени институции.

Речиси сите вработени во Институтот за јавно здравје кои воопшто не доаѓале на работа, а земале плата и биле евидентирани преку електронските картички од страна на други лица, сами си дале отказ, откако од нив било побарано да работат во полно работно време. Директорката на Институтот, Марија Андоновска вели дека во моментов, на платен список, од оваа категорија на вработени, останати сè уште два-тројца.

Законот е јасен и треба да се почитува, ако три дена неоправдано не се појавиш на работното место, добиваш отказ, вели министерот за здравство Азир Алиу. смета дека со системот за влез и излез со отпечаток од прст, би можела да се воспостави ефикасна контрола.

Алиу, Андоновска и премиерот Христијан Мицкоски присуствуваа на отворањето на првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти во ИЈЗ, со што, како што велат, почнува нов пристап кон менталното здравје на младите. Услугата ќе биде достапна и преку системот мој термин. Претставени беа и новите капацитети на микробиолошките лаборатории.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img