СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово како осомничен за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
Вработениот во кумановско јавно претпријатие бил примен на работа, според МВР, со фалсификувана диплома за завршено средно образование.
„Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време“,извести полицијата.








