домаМакедонијаВозачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

Возачот возел дрогиран и усмртил моторџија кај Пластичарска – ОЈО бара притвор

- Advertisement -spot_img

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата.

Исто така, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога.

Бидејќи не се придржувал кон прописите осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно.

Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img