Во тек се подготовките за шаховскиот турнир „Штип Опен 2026“ – турнир кој стана препознатлив во регионот, а кој веќе привлекува врвни шахисти од целиот свет.
„Штип Опен 2026“ треба да се одржи во период од 20 февруари до 20 март, кога градот под Исарот ќе пулсира во знакот на овој спорт кој веќе силно буди интерес и кај младите, а пример за тоа е младиот шаховски талент Лукијан Тенев.
Секретарот на клубот, Донче Јорданов се надева дека со „Штип Опен“, кој веќе стана препознатлив во регионот, ќе се обнови епитетот Штип да биде „шаховски град“ како што било во минатото.
Во следниот период ќе бидат отворени пријавите за сите заинтересирани шахисти од Македонија и од странство кој сакаат да бидат дел од „Штип Опен 2026“.







