домаМакедонијаВо некои земји има големи разлики во платите на мажите и жените...

Во некои земји има големи разлики во платите на мажите и жените фриленсери – каде е Македонија?

- Advertisement -spot_img

Хрватска е земјата со најмала разлика во платите помеѓу машките и женските фриленсери, додека хрватските фриленсерки се на високото шесто место. Ова се резултатите од студијата на „Ремитли“.

Разликата во платите помеѓу машките и женските фриленсери е најмала во Хрватска – според студијата на „Ремитли“ спроведена на 58.261 испитаници во споредливи занимања низ целиот свет. Според неа, просечната плата за работен час за фриленсерите во Хрватска е 47,69 долари, а за женските фриленсери е 47,56 долари. Ова е разлика од само 0,3 проценти и е убедливо најмала меѓу 54-те земји вклучени во студијата.

Сепак, Хрватска не е имуна на разликите. Тие се најизразени во областа на финансиската анализа, каде што женските фриленсери се платени за 42,7 проценти помалку.

Најголемата разлика е во Тајланд, каде што машките заработуваат по 63,57 долари на час, а женските по 30,68 долари. Жените фриленсери наплаќаат за 19 проценти помалку од мажите во просек низ целиот свет, покажува истражувањето.
Само Швајцарија и САД се издвојуваат од листата. Најдобрата просечна плата по час за машки фриленсер во Швајцарија е 92,24 долари, а во САД е 80,11 долари, пренесува Forbes Hrvatska.

Maкедонија е на 10-то место, и јазот во платите е 13.2 отсто.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img