HomeМакедонијаВо Битола одржан настан „Убавината како став“ посветен на жените во индустријата...

Во Битола одржан настан „Убавината како став“ посветен на жените во индустријата за убавина

- Advertisement -spot_img

Во Битола се одржа настанот „Убавината како став“, посветен на промоција на жени претприемачи од индустријата за убавина – жени кои преку својата работа создаваат стил, самодоверба и нови можности.


Настанот беше организиран од Советот за женско претприемништво при Општина Битола, а на присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.


Посетителите имаа можност да се запознаат со успешни жени од секторот за убавина, да проследат презентации во живо на нивните услуги и производи, како и да слушнат инспиративни приказни за претприемништво. Настанот овозможи и воспоставување на нови контакти и можности за соработка меѓу учесниците.


Настанот се одржа неколку дена по одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, а беше замислен како простор каде што се спојуваат креативноста, бизнисот и женската енергија, славејќи ја убавината како сила, став и претприемачка приказна.


„Добредојдени се сите кои веруваат дека убавината е повеќе од изглед – таа е начин на изразување и создавање сопствен пат“, беше истакнато на настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img