Педесетгодишен маж од Дубровник во алкохолизирана состојба е одговорен за лажна пријава за експлозивна направа поставена во две училишта во Дубровник денеска, соопшти Полициската управа Дубровник-Неретва, објавија локалните медиуми.
Тој ја дал лажната пријава по телефон околу 12 часот и против него е во тек полициска акција.
„По приемот на пријавата, веднаш беа испратени полициски службеници на терен, кои извршија инспекции на образовните институции, по што беше утврдено дека пријавите се лажни“, според полицијата.
Денеска беа евакуирани ученици од основно училиште на Лапад и на Мокошица.








