домаМакедонијаВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

- Advertisement -spot_img

Во пресрет на Конгресот на Обединувањето на ВЛЕН, младинските форуми на партиите од коалицијата ВЛЕН предложија Резолуција за унапредување на младите во политичкиот и јавниот живот.

Водени од принципите на демократија, меритократија и еднакви можности, младите од ВЛЕН истакнуваат дека нивната застапеност е клучна за зајакнување на демократските институции и општествениот развој.

Резолуцијата предвидува конкретни заложби за зголемување на застапеноста на младите во раководните структури и изборните листи, нивен напредок врз основа на заслуги и транспарентност, како и креирање програми за обука на идни млади лидери.

Исто така, се нагласува потребата од зголемување на младинското вработување, поддршка на претприемништвото, редовни консултации со младите и нивно активно учество во демократските процеси.

Младинските форуми на ВЛЕН оценуваат дека оваа резолуција претставува значаен чекор кон градење на нова политичка култура, во која младите се активни носители на развојот и одлучувањето.

ВЛЕН ја реафирмира својата посветеност за зајакнување на младата генерација и нејзино ставање во центарот на јавните политики и институциите, стои во реакцијата на Вреди.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img