15.8 C
Skopje
9 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: ДУИ безусловно му се поклони на Мицкоски – врв на политичко...

ВЛЕН: ДУИ безусловно му се поклони на Мицкоски – врв на политичко понижување

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН обвини дека ДУИ целосно ја изгубила политичката ориентација и безусловно му се поклонила на премиерот Христијан Мицкоски. Според нив, изјавите на поранешниот коалициски партнер на ДУИ, Мендух Тачи, потврдиле дека оваа партија барала влез во Владата „без услови, без реални барања, па дури и без местото претседател на Собрание и со помалку министерски позиции од ВЛЕН“.

„Ова е врв на политичко понижување и сервилност“, порачуваат од ВЛЕН.

Опозициската коалиција постави прашања до ДУИ:

Зошто партијата сакала да влезе во владата без никакви услови?

Кој бил посредникот што ги носел предлозите до Мицкоски?

Кои бизнисмени преговарале во име на ДУИ?

ВЛЕН тврди дека единствената цел на ДУИ е да продолжи да ја штити корупцијата, објектот „Сорава“ и криминалните кланови поврзани со неа.

„За ДУИ, Албанците никогаш не биле приоритет – нивен приоритет отсекогаш била власта по секоја цена и лично богатење,“ велат од ВЛЕН, додавајќи дека токму оваа партија ја овозможила бегството на Никола Груевски, кој и денес, според нив, „држи дел од нивните функционери како заложници со заеднички криминални досиеја“.

ВЛЕН истакнува дека ДУИ за 22 години власт останала „симбол на корупција, криминални тендери, изнудување и перење пари“ и дека Албанците на 19 октомври ќе ѝ зададат „финален удар“ и на централно и на локално ниво.

„ДУИ ќе остане запаметена како најсрамниот пример на политичко предавство и корупција во историјата на Албанците во Македонија, а ВЛЕН ќе изгради чесна и праведна иднина за сите“, стои во реакцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img