домаМакедонијаМуцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата,...

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за соработка во образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации

- Advertisement -spot_img

Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со министерот за надворешни работи, Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и заедничката подготвеност за нивно натамошно продлабочување.

Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот. Потпишавме и два значајни билатерални документи во областите на образованието, науката, културата, младите и спортот, како и економските консултации, напиша Муцунски на Фејсбук.

Особено ја цениме, посочува тој, солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажаа по трагедијата во Кочани.

– Продолжуваме да го надградуваме партнерството преку конкретни проекти, посилни економски врски и нови можности за соработка, наведува Муцунски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img