10.8 C
Skopje
8 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВЛЕН: Политичката промена започна - Албанците избраа достоинство, а не навреди и...

ВЛЕН: Политичката промена започна – Албанците избраа достоинство, а не навреди и ароганција од Ахмети!

- Advertisement -spot_img

По повеќе од две децении клиентелизам, измами и политичка ароганција, Албанците во Македонија конечно го подигаат гласот за промена. Коалицијата ВЛЕН соопшти дека резултатите од првиот изборен круг јасно покажале дека „времето на ДУИ завршува“, а граѓаните избираат достоинство, транспарентност и вистинско претставување.

„Во секој дел од државата, во секое маало и секое кафуле се чувствува еуфоријата дека ДУИ си оди. После дваесет години погрешни политики, Албанците се разбудија и бараат вистинска промена,“ порачаа од ВЛЕН.

Коалицијата нагласи дека нејзиниот пристап е спротивен на стариот модел на владеење – без притисоци, закани и уцени, туку преку директна комуникација со граѓаните и решавање на секојдневните проблеми.

„Ние не седиме во канцеларии и не се криеме зад институции, туку сме меѓу народот, ги слушаме нивните потреби и работиме за секој дом, за секое семејство,“ стои во соопштението.

Од ВЛЕН остро ја осудија, како што велат, „срамната соработка“ помеѓу ДУИ и Левица, оценувајќи ја како „предавство на албанскиот интерес заради лична власт“.

„Денот 19 октомври беше првата пресуда на граѓаните кон оваа политичка каста, а конечниот удар ќе следи на 2 ноември – во Тетово, Дебар, Долнени, Брвеница и насекаде каде Албанците решија да ја затворат страницата на ДУИ,“ додаваат од ВЛЕН.

Во соопштението се нагласува дека ВЛЕН не ги навредува Албанците, туку ги претставува достоинствено, спротивно на изјавите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој како што велат, „ги нарече својот народ пиони и Гази-Местанци“.

„Ние веруваме во достоинство, обединување и политика што му служи на граѓанинот, а не на личниот интерес,“ порачаа од ВЛЕН.

Во завршницата, коалицијата упати повик до сите граѓани за масовна поддршка на вториот круг од локалните избори:

„На 2 ноември, сите заедно да го затвориме старото поглавје и да ја започнеме новата ера на Албанците со ВЛЕН – силен, чесен и достоинствен глас на секое ниво на власта.“

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img