Владата го одби предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за организирање на референдум за ЕУ интреграцијата.
„Да не трошиме време и пари на граѓаните. Ние сме за ЕУ и тоа е наша стратешка ориентација, што и го правиме на дело“, порачаа од Владата како одговор на барањето на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за организирање референдум за членство во Европската Унија.
Укинувањето на оценската мисија од Советот на ЕУ и отворањето на фондовите од реформската агенда за Македонија се јасен показател за европската ориентација на оваа влада. А, како изгледа кога СДСM се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот.








