5.8 C
Skopje
13 December, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаВишото јавно обвинителство има нова шефица: Наташа Крстевска Цалева ја презема должноста

Вишото јавно обвинителство има нова шефица: Наташа Крстевска Цалева ја презема должноста

- Advertisement -spot_img

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, со мандат до избор на нов шеф, но не подолг од шест месеци.

Ова беше единствената точка на дневен ред на 33-та седница на Советот.

„На 33-тата седница одржана на ден 12.12.2025 година, со почеток во 10:30 часот, Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија по усвојувањето на дневен ред, објавен на веб страницата на 11.12.2025 година, под точка 1 донесе одлука за определување на вршител на должност Виш јавен обвинител на ВЈО Скопје, така што за вршител на должност Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје се избира Наташа Крстевска Цалева – јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје, до избор на Виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Скопје, за време не подолго од 6-шест месеци“, се вели во соопштението.

Одлуката следи по престанокот на функцијата на дотогашниот шеф Мустафа Хајрулахи, кој поднесе оставка на 9 декември.

Тој беше претходно суспендиран поради обвинителен акт на ОЈО Штип за пет кривични дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Крстевска Цалева и претходно беше именувана за в.д. шефица во февруари годинава, додека траеше суспензијата на Хајрулахи.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img