-2.2 C
Skopje
16 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeМакедонијаИзбрани десетте победнички во изборот за “Жена на годината 2025”

Избрани десетте победнички во изборот за “Жена на годината 2025”

- Advertisement -spot_img

На свечена церемонија исполнета со инспиративна атмосфера и многу позитивна енергија денеска во Скопје се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор за “Жена на годината 2025”.

Наградени беа вкупно 10 дами, кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што одминува.

Изборот за „Жена на годината“ започна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по 5 во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Лауреатот македонска Жена на годината 2025 го понесе Рисима Рисимкин, авангардна македонска кореографка за современ танц.

Во продолжение, следува листата со овогодинешните победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2025“:

Жена на годината – Рисима Рисимкин
Жена со трајни вредности – Индира Кастратовиќ
Жена менаџер на годината – Јелена Спасова
Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Венера Крлиу
Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Ениса Кадрии
Жена со најголеми достигнувања во културата – Наталија Теодосиева
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Ангела Мојсовска
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Моника Ризовска Таневска
Жена со најдобар стил – Наташа Петровска
Инфлуенсерка на годината – Миа Арабаџиевска (@mia.arabi)
Во конференцискиот дел на настанот, свои предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска.

Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Овогодишни покровители на настанот се: Империјал Тобако, Ананас, Фабу, Тиквеш, Енерџи Студио, Нескафе, Бизнис Академија Смилевски, Савекс, Семанта, Скопска Пивара и други.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img