домаШоубиз Вирална снимка од венчавка во Хрватска: Невестата го крена младоженецот и го...

 Вирална снимка од венчавка во Хрватска: Невестата го крена младоженецот и го пренесе преку прагот (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Снимка од една свадба во Хрватска привлече големо внимание на социјалните мрежи поради необичната сцена што следуваше откако младенците излегоа од матичната служба.

Наместо традиционалниот обичај во кој младоженецот ја пренесува невестата преку прагот, овој пар одлучи целосно да ги замени улогите. Невестата, на изненадување на присутните, го крена својот сопруг во раце и го пренесе преку прагот.

Со снимката беше објавен и шеговит опис: „Кога си толку силна што се мажиш во рамни сандали и го носиш младоженецот на раце“.

„Нешто оригинално, бидејќи се знае кој го држи семејството! Зад секој успешен сопруг стои силна жена“, „Честитки, обожавам кога некој има храброст“, „Навистина прекрасно, секогаш своја и не дозволила да ѝ наметнат нешто што се очекува… честитки од срце“, се само дел од коментарите.


- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img