домаСвет(Видео) СНЕЖЕН КОЛАПС НА ДРУГИОТ КРАЈ ОД СВЕТОТ - Нов Зеланд ги...

(Видео) СНЕЖЕН КОЛАПС НА ДРУГИОТ КРАЈ ОД СВЕТОТ – Нов Зеланд ги затвори училиштата

- Advertisement -spot_img

Силен поларен бран го погоди Нов Зеланд, донесувајќи обилни врнежи од снег во низинските предели, парализирајќи го сообраќајот и затворајќи голем број училишта.

Според извештаите на New Zealand Herald, студениот воздушен систем брзо се прошири низ земјата, а најпогоден е Јужниот Остров. Полицијата во градот Дунедин упати итен апел до граѓаните да не тргнуваат на пат без пречка потреба поради заснежените и замрзнати коловози, додека за главните сообраќајници се издадени предупредувања за опасни услови за возење.

Невремето целосно го прекина и образовниот процес, сите основни и средни училишта, како и градинките во регионот на Дунедин и Палмерстон, останаа затворени.

Студениот бран донесе хаос и во поморскиот сообраќај. Во Куковиот Проток, кој ги раздвојува Северниот и Јужниот Остров, силните ветрови и високите бранови предизвикаа откажување на десетици фериботски линии. Државната метеоролошка служба MetService предупреди дека долж брегот на Ваирарапа се очекуваат бранови со височина и до шест метри.

Иако снегот во низините е ретка појава за Нов Зеланд, метеоролозите потсетуваат дека на јужната хемисфера моментално е самиот пик на зимската сезона.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img