домаРегион(ВИДЕО) ШОК НА ГРЧКИ ОСТРОВ: Туристите им биле клиенти, разбиена нарко мрежа...

(ВИДЕО) ШОК НА ГРЧКИ ОСТРОВ: Туристите им биле клиенти, разбиена нарко мрежа вредна над 170.000 евра!

- Advertisement -spot_img

Грчката полиција разбила криминална мрежа на Миконос, чии членови, според истрагата, барале купувачи за кокаин, екстази и други наркотични средства меѓу туристите кои го посетувале островот. Во акцијата биле уапсени девет лица осомничени дека биле дел од организацијата, а дополнително бил приведен и 22-годишник поради поседување дрога.

Акцијата била спроведена на 21 август на Миконос и во областа Атика, по претходно собирање информации и следење на осомничените. Според полицијата, групата имала поделени улоги, при што секој од членовите бил задолжен за различен дел од набавката, складирањето, продажбата или пренесувањето на наркотиците и парите.

Како главен организатор е означен 35-годишен маж, кој, според истрагата, ја набавувал дрогата, ја организирал нејзината достава до Миконос и ја чувал во куќа која служела како скривалиште. Тој, наводно, бил вклучен и во пронаоѓањето клиенти и управувањето со дел од заработката. Негов близок соработник, исто така 35-годишен, бил задолжен за складирањето на дрогата, контактите со клиенти и дел од финансиските средства.

Во мрежата, според полициските наводи, била вклучена и 54-годишна жена, која наводно ги чувала приходите од продажбата и ги пренесувала парите од Миконос кон Атина. Посебно внимание во истрагата привлекува улогата на лицата кои работеле во превозот на патници.

Еден од осомничените, 34-годишен маж, работел како возач и, според полицијата, преку секојдневниот контакт со туристите препознавал потенцијални купувачи. Уште петмина осомничени на возраст од 24 до 34 години, кои исто така работеле како возачи или придружници во превозот на патници, наводно имале слична улога, а дел од нив биле вклучени и во пренесувањето и продажбата на наркотиците.

При претресите на Миконос и во Атика, како и во возила и кај осомничените, полицијата запленила 359,5 грама кокаин, 155,2 грама таканаречен „розов кокаин“, 58,3 грама MDMA, 277,8 грама канабис и 113 таблети екстази. Пронајдени биле и оружје и повеќе од 80.000 евра во готовина, додека вкупната потенцијална вредност на запленетата дрога и парите била проценета на повеќе од 170.000 евра.

Истрагата продолжува, а надлежните органи треба да ги утврдат сите околности и индивидуалната улога на секој од осомничените во случајот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img