Маж се приближува до двата автомобила, истура запалива течност врз нив и си заминува без да трча. Мажот што ги палеше двата дипломатски автомобила на бугарската амбасада во Скопјe не е вознемирен и со апсолутна смиреност го извршува инцидентот, додека полицијата не презема ништо – се наведува во описот на снимката која ја објави бугарската агенција БГНЕС.
„Човекот се приближува до двата автомобила, ги истура со запалива течност и си заминува, без дури и да трча. Како што е познато, пред бугарската мисија има вработени во македонското Министерство за внатрешни работи, дури и по избувнувањето на пожарот, како што може да се види од фотографиите, нема никаква реакција од нивна страна. Спроти нашата амбасада е една од регионалните противпожарни служби, но екипа на противпожарната бригада пристигнува на местото на настанот дури откако нашите дипломати лично ги гаснат пламените јазици на изгорените автомобили“, велат од медиумот.
Инаку денеска од Владата и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудија инцидентот.








