домаСветАвион се приближуваше кон пистата кога земјотрес од 5 степени го потресе...

Авион се приближуваше кон пистата кога земјотрес од 5 степени го потресе Лос Анџелес

- Advertisement -spot_img

Во моментот кога авионот се приближувал кон пистата на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, контролорот на летање почувствувал земјотрес и веднаш им наредил на пилотите да го прекинат слетувањето и да кружат во воздух.

„Delta 628, ако ме слушате, продолжете со кружно летање, одржувајте 2.000 стапки“, се слуша во комуникацијата со пилотот, додека авионот останува во воздух.

Земјотресот со магнитуда од 5 степени се случил во саботата наутро, околу 9:30 часот по локално време. Според Американската геолошка служба, епицентарот бил на околу 10 километри од брегот на Менхетн Бич.

Снимката од комуникацијата меѓу контролорот и пилотите привлече внимание на социјалните мрежи, особено поради смирената и брза реакција во момент кога безбедноста на патниците и екипажот беше приоритет. Според првичните информации, нема пријавени повредени или штета поврзани со земјотресот.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img