домаМакедонијаЃорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни...

Ѓорѓиевски: Градските служби се на терен, Скопје е подготвено за најавените снежни врнежи

- Advertisement -spot_img

Екипите на градските служби веќе се на терен и се подготвени да реагираат на најавените врнежи од снег, изјави вечерва градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител.

Тој посочи дека на делови од Водно веќе има лапавица, нагласувајќи дека поради специфичниот терен на повисоките места треба да се фрли доволно сол за да се спречи создавање проблеми во одвивањето на сообраќајот.

-Екипите се веќе излезени на терен, на дел од Водно веќе добив снимка дека има лапавица, но треба да бидеме подготвени таму, земајќи го предвид теренот. Треба да се фрли доволна количина сол на тоа место, така ќе биде и на сите повисоки места – рече Ѓорѓиевски.

Градоначалникот информира дека пред два дена бил на лице место во дежурната служба, каде што разговарал со вработените кои во овој период го носат најголемиот товар при справувањето со временските услови.

Тој најави дека и по завршувањето на телевизиското гостување ќе излезе на терен заедно со вработените во градските служби.

-Пред два дена бев и на лице место во дежурната служба, да ги видам луѓето на чиј грб генерално е товарот во овој период. Подготвени сме, нема да нè изненади снегот. Јас по емисијава ќе излезам исто со вработените на терен, така што ќе бидеме подготвени многу посериозно од кога било во минатото – изјави Ѓорѓиевски.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img