HomeМакедонија(ВИДЕО) Николоски: Стратешкото партнерство со САД клучно за стабилност и економски просперитет...

(ВИДЕО) Николоски: Стратешкото партнерство со САД клучно за стабилност и економски просперитет на Македонија

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски денеска остварил неколку средби на високо ниво во Стејт департмент на САД, каде разговарал за унапредување на односите меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

Николоски истакна дека САД се стратешки партнер број еден на Македонија и држава која најмногу ја поддржува земјата, при што на средбите било разговарано за продлабочување на економската и политичката соработка.

Во фокусот на разговорите биле и инфраструктурните проекти, особено Паневропски коридор 8 и Паневропски коридор 10, кои поминуваат низ Македонија и имаат значајна улога за регионалната поврзаност и економскиот развој.

Дополнително, било разговарано и за можностите за склучување трговски договор кој би овозможил зголемена деловна активност и поголема трговска размена меѓу двете држави.

„Стратешкото партнерство треба да значи просперитет, напредок, безбедност и зајакнување на прозападните вредности на Македонија“, посочи Николоски.

Видеото може да го погледнете тука

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img