домаРегионВИДЕО - БУЛДОЖЕРИ ВЛЕГОА НА ПЛАЖИТЕ НА ХАЛКИДИКИ, неверојатно што се случува...

ВИДЕО – БУЛДОЖЕРИ ВЛЕГОА НА ПЛАЖИТЕ НА ХАЛКИДИКИ, неверојатно што се случува во Грција

- Advertisement -spot_img

Акцијата за ослободување на грчките плажи од нелегално поставени предмети продолжува на Халкидики. Екипи на општина Полигирос со булдожер отстранија приватни чадори, лежалки и маси од плажата Каливија, со цел повторно да се обезбеди слободен пристап до јавниот простор.

Акцијата започна во 7 часот наутро, а на терен биле отстранети предмети кои со текот на времето останале поставени на плажата и практично го ограничувале просторот достапен за останатите посетители.

Интервенцијата во Каливија е продолжение на акцијата што општинските екипи ја спроведуваат на плажите во Полигирос.

Само неколку дена претходно, околу 100 чадори и лежалки биле отстранети од плажата во Геракини. Според локалните медиуми, дел од нив повторно биле поставени само неколку часа по отстранувањето.

Особено внимание предизвикува практиката на сопственици на апартмани за краткорочно изнајмување, кои на гостите им обезбедуваат лежалки и чадори на плажата како дел од услугата за сместување.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img