домаСветВенс: Судирот со Иран не е војна

Венс: Судирот со Иран не е војна

- Advertisement -spot_img

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека не може да процени кога ќе заврши судирот со Иран, ниту кога цените на горивата би можеле да се вратат на нивото од пред неговиот почеток.

Венс тврди дека актуелните непријателства не треба да се нарекуваат „војна“, бидејќи, според него, активните борбени операции завршиле пред неколку месеци.

„Во моментов нема активна размена на оган“, рече тој, иако САД и Иран оваа недела три дена по ред разменуваа напади, меѓу другото и во областа на Ормускиот Теснец.

Според податоците на Пентагон, од почетокот на судирот кон крајот на февруари загинале 18 американски војници, а 790 биле повредени. САД во вторникот погодија речиси 60 воени цели околу теснецот, а американската војска планира да продолжи со нападите во областа.

Венс потврди дека во моментов нема преговори со Техеран. Тој рече дека Вашингтон нема да разговара со Иран додека не престанат нападите врз трговските бродови.

„Кога прашувате кога ќе заврши ова, всушност прашувате кога Иранците ќе престанат да пукаат врз бродовите. Не го знам одговорот на тоа прашање. Тоа мора да ги прашате Иранците“, изјави Венс.

Тој не сакаше да прогнозира ниту кога ќе се намалат цените на горивата, нагласувајќи дека главната цел на американските активности е да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img