домаМакедонијаВелосипедски спектакл над Битола: Повеќе од 100 учесници дел од „Smolevo Up...

Велосипедски спектакл над Битола: Повеќе од 100 учесници дел од „Smolevo Up Hill Race”

- Advertisement -spot_img

По трет пат успешно се одржа велосипедската трка Smolevo Up Hill Race, која и оваа година собра голем број велосипедисти, спортски ентузијасти и љубители на адреналинските спортови од цела држава.

Настанот беше организиран од Extreme Bike Bitola и Велосипедска федерација на Македонија, со поддршка од Општина Битола.

Според организаторите, годинава на трката учествувале повеќе од 100 велосипедисти од различни градови низ Македонија, кои ја покажале својата издржливост, спортски дух и љубов кон велосипедизмот на патеката кон Смолево.

Од Општина Битола истакнаа дека настанот уште еднаш потврдува дека Битола станува сè попрепознатлива дестинација за спорт, рекреација и промоција на здрави животни навики.

Трката поминала во одлична атмосфера, со добра организација и силна поддршка од публиката и учесниците, а наградите на најуспешните велосипедисти им ги доделил претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски.

Организаторите најавуваат дека „Smolevo Up Hill Race“ ќе продолжи да расте и во иднина, со цел Битола да стане еден од главните центри за велосипедски и outdoor спортови во регионот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img