домаСпортВардар ќе бара враќање на победите против Силекс, Шкендија и Струга во...

Вардар ќе бара враќање на победите против Силекс, Шкендија и Струга во дерби во вечерен термин

- Advertisement -spot_img

Актуелниот шампион Вардар со два порази во низа влегува во мини резултатска криза и ќе мора веќе во понеделник против Силекс да бара начин како до триумф и три бодови, бидејќи со нов негативен резултат реми или пораз тогаш ќе треба вклучување на алармот кај „црвено-црните“.

Силекс на арената во Скопје доаѓа во позитивна атмосфера со учинок од две победи и едно реми и ќе ја бара третата сезонска радост против шампионот, а со тоа и да можност да избие на врвот од табелата, во завиност како би одиграле лидерот Шкендија и Струга Трим Лум.

Токму овие две екипи во понеделник од 19 часот ќе го затворат четвртото коло. Шкендија со перфектен учинок со три победи од толку натпревари ќе ја пречека Струга која ја има истата форма како и Силекс од две победи и едно реми.

Ова ќе биде можност за Шкендија да остане осамен лидер и по четвртото коло, но и да направи осетна разлика во однос на останатите екипи, па од тука притисокот ќе биде и кај Вардар кој е директен конкурент за титулата.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img