Утре, во собраниската Законодавно-правна комисија, треба да продолжи дебатата за законските измени, со кои треба да се забранат двојни државјанства за пратениците.
Според информациите, поднесени се над 170 амандмани. По најавите дека треба да се вклучи и експертската јавност, од СДСМ велат дека власта почнала да ретерира за носење на законот.
Од ВМРО-ДПМНЕ остануваат на познатиот став. Како што велат, лидерот на СДСМ е бугарски приврзок чии храброст, морал и пари се во фиоките на бугарското разузнавање.
Во партиската дебата се вклучи и претседателката. Според Сиљановска-Давкова постои правна можност за ограничување на двојното државјанство, но покрај за пратениците, тоа треба да важи и за министрите и за претседателот на државата.








