HomeМакедонијаУтре е најавен посебен сообраќаен режим поради одржување на планински трки

Утре е најавен посебен сообраќаен режим поради одржување на планински трки

- Advertisement -spot_img

Во текот на утрешниот ден е најавен посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“.
– Утре (05.04.2026), со почеток во 07:00 часот со затворање на сообраќајот во три временски интервали од по пет минути (од 07:00 до 07:05 часот, од 08:00 до 08:05 часот и од 09:00 до 09:05 часот), ќе се одржи трка во планинско трчање насловена „Водно-Матка Треилс 2026“, со стартно-целна позиција во комплексот „Македонско село“ и траса на движење по дел од јавниот пат од комплексот „Македонско село“ – село Горно Нерези (кај џамијата) по што трасата продолжува по планински патеки – се посочува во објавата на Министерството за внатрешни работи.
Потоа додаваат дека поради овие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img