Утре од 08:00 часот вода нема да имаат корисниците од улицата „1409“ и индустрискиот дел во општина Ѓорче Петров.
Како што информира ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок Ф-300 мм на улицата „1409“ бр.9 во населбата Ѓорче Петров, а ќе трае до завршување на активностите.






