домаМакедонијаУПОЗ и власта во жесток судир: Обвинувања за трошење и синдикална борба...

УПОЗ и власта во жесток судир: Обвинувања за трошење и синдикална борба во време на скап живот

- Advertisement -spot_img

Децидно ги демантирам обвинувањата на владејачката гарнитура на чело со пратеникот Бране Петрушевски, кој со денови ме обвинува дека сум трошел синдикални пари, вели за телевизија 24 претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски. Првиот човек на гранковиот синдикат кој е дел од ССМ вели дека нападите се тенденциозни поради борбата на синдикатите за поголеми рабитнички права кои им пречат на власта…

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски, пак, во серија напади го обвини Дејаноски и членовите на ССМ, тврдејќи дека за организација на спортски игри во Чањ, Црна Гора, биле потрошени околу 60.000 евра. Петрушевски обвини дека раководството на ССМ „целосно го има изгубено компасот“ и наместо да се фокусира на заштитата на работничките права, се оддалечува од членството и троши синдикални пари…

Инаку, обвинувањата помеѓу синдикалната организација и власта не се новина, претходно недоразбирања и серија обвинувања имаше и кон претседателот Трендафилов, кој имаше повеќе прозивки со пратеникот Петрушевски. Неосласувањата помеѓи синдикатите и власта дополнително се актуелизираа откако беше објавена синдикалната кошница за мај која изнесува 68.743 денари според пресметките на ССМ, а на економско-социјалниот совет се очекува да биде ставена на дневен ред владината кошничка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img