домаМакедонијаУапсени возачи од Скопје и Куманово кои возеле без положен возачки испит...

Уапсени возачи од Скопје и Куманово кои возеле без положен возачки испит – одземени им се возилата

- Advertisement -spot_img

Лишени од слобода возачи од Скопје и Куманово затоа што возеле без положен возачки испит. Исто така, одземени им се возилата.

Како што информираа од МВР, вчера (03.02.2026) во 12:40 часот на патот Куманово-село Липково, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. бил задржан во полициска станица, а возилото било одземено.

Исто така вчера во 13:00 часот на улица „Јустинијан први” во Скопје, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, го лишиле од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило “опел” со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ, додаваат од МВР.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img