Ноќеска во 01:40 часот на брегот на Охридското езеро, кај Женска плажа во Струга, полициски службеници од мобилниот тим од Регионалниот центар за гранични работи Запад – „Task Force” ги лишиле од слобода Е.К.(19) и К.С.(19), двајцата од струшкото село Делогожди.
Од МВР информираат дека при извршен преглед кај нив, односно кај Е.К. бил пронајден пиштол.
Лицата биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.






