Полицијата уапси канадски државјанин во Куманово, кај него бил пронајден артефакт.
Синоќа, во 00:30 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ј.А.С.(37) од Канада, затоа што кај него бил пронајден и одземен археолошки предмет (артефакт).
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






