При претрес во гостиварско, пронајдена била марихуана и лишено од слобода било едно лице.
Од МВР информираат дека вчера полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.А.(28) од село Сенокос, готиварско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана.
„По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.








