Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката м-р Elena Petrova, беше во работна посета на Унгарија, со цел унапредување на институционалната соработка и размена на искуства со даночната администрација на Унгарија.
Во рамки на посетата, директорката м-р Елена Петрова и директорката на Националната управа за даноци и царина на Унгарија, Моника Рожен Шат, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува основа за континуирана размена на знаења, искуства и добри практики во даночната администрација.
📌 Соработката опфаќа повеќе значајни области, меѓу кои:
• дигитализација и ИТ-системи во даночната администрација;
• предпополнети даночни пријави за личен доход;
• онлајн фискални каси и електронски системи за фактурирање;
• поедноставување на административните постапки и подобрување на услугите за даночните обврзници;
• примена на бихејвиорални анализи и современи пристапи за управување со даночната усогласеност;
• анализа на ризик;
• обука и професионален развој на вработените;
• размена на искуства во примената на директивите на Европската Унија во областа на даночната администрација.
Посетата претставува можност за размена на практични искуства и запознавање со современите дигитални решенија и начини на работа, со цел понатамошно унапредување на ефикасноста на институционалните процеси и квалитетот на услугите кон даночните обврзници.
Силната институционална соработка и размената на знаења се важен чекор кон модерна, дигитална и ефикасна даночна администрација.






