HomeМакедонијаТрипуновски: Секој што ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

Трипуновски: Секој што ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара

- Advertisement -spot_img

Мојот став е јасен и непроменет, секој што постапува спротивно на законите и ги злоупотребува институциите за лични интереси мора да одговара. Ова вечерва од Росоман го порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, коментирајќи го апсењето на актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, против кого е отворена истрага за примање мито од 50 000 евра.

Трипуновски, кој денеска беше во Росоман, во рамките на кампањата на Министерството „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, говорејќи за случајот, рече дека како владина гарнитура остануваат цврсто посветени на политиката на нула толеранција кон корупцијата, особено во делот на управувањето со институциите.

Во тој контекст, тој кажа дека за разлика од претходно кога СДСМ и ДУИ од позиција на власт ги заштитувале функционерите што имале направено злоупотреби, оваа влада покажува дека има поинаков пристап.

„Ги охрабрувам сите земјоделци и граѓани, доколку имаат сознанија за злоупотреби, манипулации или за било какви незаконски дејствија, веднаш да ги пријават“,

порача тој.
Истовремено, министерот посочи дека очекува надлежните институции до крај да го истражат случајот со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство.

Претходно со идентични ставови и пораки во врска со апсењето на Анакиев преку соопштение излегоа од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

На актуелниот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој на функцијата дојде во јуни 2024 година, како кадар на владејачката Социјалистичка партија на Македонија (СПМ), Судот денеска на барање на ОЈО ГОКК му определи 30-дневен притвор.

Против Анакиев надлежното Обвинителството отвори истрага поради основано сомнение за сторено кривично дело примање поткуп. Според деталите за случајот, што денеска ги споделија МВР и Обвининителството, тој како службено лице барал мито од 100 000 евра од сопственик на фирма за да овозможи стоката што таа ја увезувала да влезе во земјава, откако претходно била задржана на граничен премин. Образложението на осомничениот, според МВР, било дека стоката има забрана за влез бидејќи не ги исполнува законските услови за увоз. Од ОЈО ГОКК наведуваат дека осомничениот во периодот од 5 март до вчера директно ги барал парите, притоа вршејќи притисок врз службени лица да не му се одобри увоз на стока на правното лице, иако таа многупати претходно била увезувана.

Парите требало да бидат исплатени на три рати, преку шпедитерот кој требало да биде посредник во приморедавањето на средствата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img