Како што објави ТВ 24, Јована Тренчевска и Александар Трајановски предлози на Венко Филипче за нови потпретседатели на СДСМ.
Генерален секретар останува Александар Димитријевиќ, како и организациски секретар Љупчо Фармаковски. Во раководството на СДСМ се враќа и Ана Чупевска како претседател на новиот советодавен совет. Изненадување е новиот претседател на градската организација Александар Давчевски. Андреј Жерновски ,Агрон Демири, Симона Цветановски остануваат во ИО додека поранешниот градоначалник на Ѓорче Петров Александар Наумовски е меѓу новите членови на ИО. Како и Рената Младеновска, Дејан Николовски, Јон Фрчкоски, Наташа Попоска, Петар Огњеновиќ.
Ова според извори на ТВ 24 од ЦО се фаворитите на Филипче, но за да станат дел од раководството треба да се и членови на ЦО, засега таму може да настане проблем, бидејќи за тие што не се според истите извори недостасуваат слободни места за коотирање.








