Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом во скопската населба Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен на 9 јуни околу 11:50 часот во СВР Скопје, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59), а при првичниот преглед не биле забележани видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди точните причини за смртта.
Надлежните институции преземаат активности во рамки на редовната постапка за целосно расчистување на случајот.








