Преминот Маркова Нова – Лемос, кој треба да ги поврзе Македонија и Грција преку Преспанскиот регион, ќе се отвори најверојатно во 2028 година. Оваа проценка ја искажа евроамбасадорот Михалис Рокас, кој најави дека работите од грчка страна ќе бидат завршени за две години. Грција во април годинава потпиша договор со изведувач за изградба на граничната инфраструктура кај Лемос. Проектот предвидува контролни пунктови, зграда за полициска и царинска контрола, објекти и паркинг простор.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој рече дека од наша страна работите се во напредна фаза, односно 60% се веќе реализирани. Тој кажа дека овој премин е стратешки проект не само за регионот, туку и за Балканот.
„Граничниот премин ‘Маркова нога‘ е стратешки проект за овој регион, но ќе додадам, стратешки проект и за Балканот затоа што сите заедно констатиравме дека Преспа е една од најубавите микролокации на Балканот и во Европа. Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на капацитетите што ги имаме затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти за Преспа, за нашите две пријателски држави“, рече Тошковски.
Преминот е затворен речиси 60 години. Неговото повторно отворање се смета за еден од најважните проекти за развој на Преспа.








